ПАЦИФИКОТ КРИЕ НЕКОИ ОД НАЈИЗОЛИРАНИТЕ И НАЈМАЛКУ ПОСЕТЕНИ ДРЖАВИ НА СВЕТОТ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Во 2017 година, речиси 87 милиони странски туристи ја посетиле Франција, која се наоѓа на врвот на новата листа на Светската туристичка организација на Обединети нации, пред Шпанија и САД. На другиот крај на листата, со само 2.000 странски гости во 2017, е јужнопацифичката држава Тувалу, кадешто лесно можете да пронајдете цела плажа, па дури и остров само за себе.

Листата е, сепак, некомплетна, бидејќи некои величествени локации, како џунглите на Гвинеја Бисау и езерото Чад, не се вклучени поради безбедносните препораки на Стејт департментот ма САД.

Според оваа листа, најмалку посетени европски држави се Сан Марино (18. место), Лихтенштајн (20.) и Молдавија (25.).

  • ТУВАЛУ – 2.000 странски туристи во 2017

Со повеќе од 100 острови расфрлани низ Јужниот Пацифик, Тувалу е една од најизолираните нации на светот. Единствено главниот остров Фунафути има аеродром и оттаму може да се патува само со траект.

  • КИРИБАТИ – 6.000 туристи

Неговите острови и атоли се поделени во три групи, Гилберт, Феникс и Лајн Ајлендс. Најблиската држава Фиџи е оддалечена 2.243 километри, па затоа е јасно зошто толку малку луѓе доаѓаат тука.

  • МАРШАЛОВИ ОСТРОВИ – 6.000 туристи

Овој пацифички архипелаг е најпознат по атомските тестирања и бикинито, што го има добиено името по едед од неговите острови, Бикини Атол, кој, за жал, и по неколку децении и натаму е радиоактивен. Околните води затоа нудат некои од најспектакуларните локации за нуркање на светот, бидејќи на неговото морско дно лежат остатоци од десетици бродови.

  • МОНСЕРАТ – 8.000 туристи

Поголемиот дел од оваа британска прекуморска територија во Кариби беше погоден од вулканската ерупција во 1995 година, која го уништи главниот град Плимут, претворајќи го во модерна Помпеја. Денес, туристите доаѓаат со траект или со авион од Антигва за да го видат она што останало.

  • НИУ – 10.000 туристи

Ниу е еден од најголемите корални острови на светот, но неговиот брег не може да се пофали со бели песочни плажи, карактеристични за Полинезија, туку со остри карпи и пештери. Но, од јули до октомври, во неговите топли води доаѓаат грбави китови, и тоа доволно блиску за да можат да се набљудуваат од брегот. Како ретко каде на светот, на туристите тука им се овозможуваат тури да пливаат со китови.

  • АМЕРИКАНСКА САМОА – 20.000 туристи
  • СОЛОМОНСКИ ОСТРОВИ – 26.000 туристи
  • КОМОРИ – 28.000 туристи
  • САО ТОМЕ И ПРИНСИПЕ – 29.000 туристи
  • МИКРОНЕЗИЈА – 30.000 туристи