ФИЛМОТ „НА ЛОШ ПАТ“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА „НЕТФЛИКС“ ВО ОКТОМВРИ

Њујорк, (Вараети)

Филмот „На лош пат“ (Breaking Bad) доаѓа на „Нетфликс“ побрзо отколку што мислевме.

Насловен „El Camino: A Breaking Bad Movie“, тој ќе биде објавен на „Нетфликс“ на 11 октомври и Арон Пол се враќа во улогата на производителот на метамфетамин Џеси Пинкмен. Во серијата, Џеси последно беше виден како напушта наци собиралиште и заминува во непознат правец.

Како што претходно беше соопштено, сценарист и режисер на филмот е Винс Гилиган, креаторот на серијата, што се емитуваше од 2008 до 2013 година и освои два златни глобуса и 16 награди Еми.

Засега не е познато дали во филмот ќе се појави главниот лик од серијата Волтер Вајт, што го играше Брајан Кренстон. Тој претходно потврди дека ќе се прави ваков филм, но не кажа дали ќе учествува.