Универзитетот Оксфорд четврта година по ред е прогласен за најдобар на светот, но Германија наскоро би можела да ја помине Велика Британија во бројот на врвни универзитети.
Освен Оксфорд, уште два британски универзитета се во топ-10, Кембриџ (трет) и Империјал колеџ Лондон (десетти). На второто место е Технолошкиот институт на Калифорнија.
САД продолжуваат да доминираат на годишната листа што ја прави сајтот Times Higher Education со седум универзитети во најдобрите десет, односно 60 во првите 200.
На листата се најдоа 1.300 универзитети од 92 држави, меѓу кои ја нема Македонија. Универзитетите во Сплит и Љубљана најдобро котираат од просторите на бивша Југославија.