НОВИОТ АЛБУМ НА „ГРИН ДЕЈ“ ИЗЛЕГУВА ВО ФЕВРУАРИ

Лос Анџелес, (Ролинг стоун)

Американскиот панк рок бенд „Грин деј“ објави дека неговиот нов албум ќе излезе на 7 февруари 2020 година.

Father of All…“ е 13. студиски албум на тројката од Калифорнија, која се прослави во средината на 1990-ите и има освоено пет награди Греми. „Грин деј“ во исто време објави дека во март тргнува на светска турнеја, која ќе се одржи на стадиони и во големи арени.

„Се сеќавам на едно лето во 1990-ите кога родителите не ме пуштија да ги гледам ‘Металика‘ и ‘Ганс ен роузис‘ на стадион. Тоа ме следеше цел живот и затоа сакавме да направиме една таква турнеја“, изјави фронтменот Били Џо Армстронг.

Последниот албум на „Грин деј“ излезе пред три години.