КЕЈТ БЛАНШЕТ ЌЕ ПРЕДАВА СОВРЕМЕН ТЕАТАР НА ОКСФОРД

Лондон, (Би-Би-Си)

Холивудската актерка Кејт Бланшет ќе биде гостин-предавач на Универзитетот Оксфорд. Двократната добитничка на Оскар ќе предава современ театар на Колеџот Сент Кетрин во текот на академската 2026/27 година. Оваа пракса е воведена во 1990, а досега предавале и Ијан Мекелен и Дијана Риг.

„Ова е возбудлива можност за мене да бидам во директен и динамичен креативен дијалог со следната генерација мислители и креативни дејци“, изјави австралиската ѕвезда.

Бланшет доби Оскар за филмовите „Авијатичарот“ и „Тажната Јасмин“, а има играно и на театарските сцени на Вест енд и Бродвеј.

(Фото: С. Чи)