НОВИОТ КАЛЕНДАР НА „ПИРЕЛИ“ ВЛЕЗЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА НА АЛИСА

Њујорк, (Вог)

„Пирели“ ги објави фотографиите од својот календар за 2018 година и вторпат во историјата, тој ја слави црната убавина.

Ру Пол и Џимон Хунсу (Фото: Пирели)

Снимени од мајсторот Тим Вокер, моделите ги глумат ликовите од „Алиса во земјата на чудата“, при што им е даден нов, екстравагантен живот на оригиналните цртежи на Џон Тениел.

Улогата на Алиса ја доби австралискиот модел со суданско потекло Даки Тот, а во споредни улоги, меѓу другите, се Наоми Кемпбел, Лупита Нјонго, Вупи Голдберг, Ру Пол, Џимон Хунсу и Брадер Лав, новото уметничко име на хип хоп пејачот Шон Комбс, односно Пи Диди.

Брадер Лав и Наоим Кемпбел (Фото: Пирели)

„Важно е приказната за Алиса да им се раскаже на новите генерации. Нејзините авантури во Чудесната земја го отсликуваат светот во којшто живееме денес: пречките што треба да ги надминеме и идејата да се слават различности. Да се види црна Алис значи дека децата од сите раси можат да ја прифатат идејата за различност од најрана возраст. Така учат дека убавината доаѓа во сите бои“, вели стилистот на календарот Едвард Енинфул.

„Пирели“ го објави својот прв календар во 1963 година и само уште во 1987 сите модели беа црни.