Да се појадува во „Тифани“ веќе не е само филмска фантазија. Престижниот њујоршки синџир на продавници за накит отвори ресторан на својата најпозната локација на Петтата авенија на Менхетн, а во менито е вклучен и појадок. Ова е очигледна асоцијација на прославениот филм со Одри Хепберн од 1961 „Појадок во ‘Тифани’“.

„Блу бокс кафе“ на „Тифани“ и официјално беше отворен вчера. Појадок чини 29 долари, а на менито има и тост со авокадо и вафла со матеница. Оброците за ручек чинат 39 долари, а оние кои одат во шопинг можат да направат пауза со чај и сендвичи за 49 долари.

Внатрешноста на ресторанот е декорирана со препознатливата сина боја на  компанијата„Тифани“.