ОРИГИНАЛНАТА ЕКИПА ОД „ПАРКОТ ЈУРА“ ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ ВО НОВ ФИЛМ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Оригиналната екипа од „Паркот Јура“ за првпат ќе се обедини во следното продолжение на оваа франшиза. Сем Нил, Лора Дерн и Џеф Голдблум ќе ги репризираат своите улоги во „Светот Јура 3“, а се очекува да им се придружат и Крис Прат и Брајс Далас Хауард, ѕвездите на претходните два филма.

„Многу сум возбудена што можам да соопштам дека оригиналната екипа од ‘Паркот Јура‘ ќе се врати во ‘Светот Јура‘, кажа Дерн на специјален настан во Лос Анџелес.

Нил, Дерн и Голдблум глумеа во хитот на Стивен Спилберг од 1993 година и потоа поединечно се појавија во некој од другите филмови.

Новиот, шести дел од франшизата е најавен за 2021 година.