ЛОРА ДЕРН ВЛЕГУВА ВО „БЕЛИОТ ЛОТУС“ ОТКАКО ХЕЛЕНА БОНАМ КАРТЕР ГО НАПУШТИ СНИМАЊЕТО

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Американската актерка Лора Дерн се приклучи на екипата на четвртата сезона на „Белиот лотус“, само неколку дена откако Хелена Бонам Картер го напушти проектот поради креативни несогласувања. Четвртата сезона се снима на југот на Франција и дејството се случува за време на Канскиот филмски фестивал.

По заминувањето на Бонам Картер минатата недела, продуцентите од „Ејч-Би-О“ изјавија дека „откако почнало снимањето, станало јасно дека ликот напишан за неа од креаторот Мајк Вајт не се усогласува со процесот“.

„Белиот лотус“ е една од најпопуларните драмски серии во последниве години, освојувајќи бројни награди, при што секоја сезона е сместена во луксузен хотел во друг туристички центар ширум светот. По Хаваи, Италија и Тајланд, четвртата сезона ќе се одвива на француската ривиера.

Снимањето се очекува да продолжи и за време на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржува од 13 до 24 мај.

(Фото: Гети)