Жителите на Брисел ќе бидат охрабрувани да стопираат кога одат на работа, што е дел од новиот план на локалните власти за намалување на гужвите во сообраќајот.
Регионалната влада ќе развие апликација што ќе ги поврзува возачите кои можат да понудат слободно место во своите автомобили на оние кои одат на работа.
Брисел е меѓу градовите со најгуст сообраќај во Европа и неговите жители во просек заглавуваат 85 часови годишно со автомобил. Главни фактори кои придонесуваат за ова се традицијата на компаниите да им обезбедуваат автомобил на свои вработени, слабата мрежа на обиколници околу Брисел и доаѓањето на голем број Белгијци на работа од други градови.
„Нашата цел е да го намалиме бројот на автомобили со еден патник. Стартап компанија работи на бесплатна апликација која треба да го оживее стопирањето во градот“, изјави министерката за мобилност на Брисел, Елке фан ден Брант.
Таа додава дека освен расчистувањето на патиштата, ова е дел и од борбата против климатски промени.