ОКТОБЕРФЕСТ ПО 13. ПАТ СЕ ОДБЕЛЕЖА И ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со пробивањето на тапата на првото буре пиво и со извикот „О’zapft is“ (тапата е отворена), во „Пивара Скопје“ се одржа прославата на Октоберфест, што веќе 13 години ја организира Македонско-германското стопанско здружение (МГСЗ).

Таа беше отворена од директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс, заменик амбасадорот на Германија Ото Граф и директорот на „Пивара Скопје“ Дан Тимотин.

„Она што најмногу нѐ радува е што скопскиот Октоберфест од година во година сѐ повеќе наликува на Октоберфестот во Минхен и оваа година поздравивме повеќе од 1.500 гости“, кажа Мартенс.

„Трета година по ред сме домаќини на овој настан. Покрај можноста гостите да уживаат во одлични пива и традиционална баварска кујна, сакаме заеднички со ‘Прилепска пиварница‘ да ја доближиме пивската култура во земјата“, рече Дан Тимотин.