ЗАШТИТEТЕ СЕ ОД СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИТЕ БОЛЕСТИ

(СМАРТ СДК.МК)
Илустрација: Зоран Кардула

Ако се одредите да ја преминете границата од бакнување и милување кон секс, нека биде секогаш безбеден секс. Во суштина се работи за двa клучни случаи кои се избегнуваат при безбедниот секс – преносот на сексуално преносливи болести и бременоста.

Постојат милион начини на контакт при што можат да настанат овие ризици. Добро е да се знае каде треба да бидеме повнимателни. Преносот на сексуалните болести, вклучувајќи го вирусот ХИВ може да се случи само ако вагиналната течност, спермата или крвта доаѓа во контакт со мукозната мембрана на партнерот – тоа значи вагината, крајот на пенисот или устата.

Обичниот бакнеж или бакнувањето со јазик е претежно безбеден што се однесува до преносoт на сексуално преносливи болести. Меѓутоа, ако партнерот има секуално пренослива болест во устата, постои мала можност за да се пренесат болести како гонореа, сифилис, кандида или хепатитис Б.

Маструбацијата исто така е безбеден љубовен акт, при што се стимулираат секусуалните органи со прсти или други предмети до постигнување оргазам. Постои мала можност доколку се случи да се пренесе сперма, менстуална крв или вагинална течност кај вагината или анусот на партнерот/ката.

Триењето на телата кога сте облечени можеби е најсигурниот начин за да може да се избегне бременоста и преносот на болести, секако доколку некој од партнерите има таква инфекција.

Најсериозната опасност е кога двата органа се потполно во контакт при односот, пенисот во вагината. Во тој случај не само што може да дојде до збременување туку ризикувате со листа болести како хепатитис б, гонореа, кламидија, сифилис, трихомонијасис, генитални херпеси, брадавици, вошки, шуга.

Други видови на секс како оралниот и аналниот, иако не се начини на кои што може да се дојде до забременување, сепак имаат голема доза на ризик за пренос на сексуално преносливите болести.