ЗИПЛАЈН ЌЕ ГИ НОСИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВО ЧЕЛУСТА НА ГОДЗИЛА ВО ПАРК ВО ЈАПОНИЈА

Токио, (ДПА)

Реплика на Годзила во огромни димензии ќе биде поставена во аниме тематски парк на јапонскиот остров Аваџи.

(Фото: TM & TOHO)

Сопствениците на паркот Нијиџен но Мори, што во превод значи Шума на живите суштества, велат дека во средина на 2020 ќе отворат тематски парк за Годзила, со најголемата реплика на чудовиштето на светот, која ќе биде 20 метри висока, 25 метри широка и 55 метри долга.

(Фото: TM & TOHO)

Посетителите ќе бидат во улога на истражувачи на паркот, а една од задачите е со зиплајн да влезат во челуста на чудовиштето и да ја истражуваат внатрешноста. Друга задача ќе биде со пукање да се обидат да го уништат Годзила.

Легендата за Годзила потекнува од периодот 1868-1912, кога тајфун го погодил островот Аваџи. За чудовиштето се снимени десетици филмови и серии, и јапонски и холивудски, првиот во 1954 година.