ДАНСКА ЌЕ ГРАДИ ФАРМА НА ВЕТЕРНИЦИ ШТО ЌЕ МОЖАТ СО СТРУЈА ДА СНАБДУВААТ 10 МИЛИОНИ ДОМОВИ

Копенхаген, (Гардијан)

Данска активно го развива планот за изградба на еден или неколку вештачки острови кои ќе бидат окружени со ветерници со капацитет од 10 гигавати, способни да снабдуваат со струја десет милиони домови, објави министерот за клима и енергетика Дан Јергенсен.

Оваа земја лани добила 41% од својата електрична енергија од ветерници, што е највисоко ниво во Европа и минатата недела усвои амбициозен климатски акт, кој предвидува намалување на емисијата на стакленички гасови за 70% до 2030 година и постигнување јаглеродна неутралност до 2050.

Во новата фарма на ветерници ќе бидат вложени околу 23 милиони фунти, главно од приватниот сектор и нејзиниот капацитет ќе биде пет пати поголем од сегашното производство на ветерна енергија во Данска.

„Ако сакаме да го искористиме енормниот потенцијал на ветерот, ќе треба да се развијат нови технологии што ќе ја претвораат зелената енергија во гориво за авиони, бродови и индустрија“, изјави Јергенсен.

Моментално се разгледуваат неколку локации за реализацијата на овој проект, вклучувајќи ги Северното и Балтичкото Море.