ЕЈЧ-БИ-О ЌЕ ПРАВИ МИНИСЕРИЈА ОД ПОБЕДНИКОТ ВО КАН, „ПАРАЗИТ“

Њујорк, (АФП)

Телевизиската мрежа Ејч-Би-О ги откупи правата за адаптација на трилерот „Паразит“ на Бонг Јон-Хо во минисерија. Филмот освои Златна палма во Кан и Златен глобус за најдобар странски филм.

Меѓу ТВ-компаниите кои се натпреварувале за адаптација бил и „Нетфликс“. Бонг Јон-Хо ќе работи на проектот заедно со оскаровецот Адам Мекеј, режисер на „Обложување на столетието“ и „Потпретседател“.

Јужнокорејската мрачна сатира за односите помеѓу две фамилии досега заработи 130 милиони долари на светско ниво. Критичарите го сметаат за фаворит во трката за Оскар за најдобар странски филм, а се предвидува дека би можел да биде номиниран и за најдобар филм.