„Нетфликс“ ја објави првата оригинална африканска серија, „Квин Соно“. Јужноафриканската актерка Прл Туси е главната ѕвезда на акционата серија со шест епизоди, во која игра таен агент.
„Квин Соно“ се снимаше на неколку локации низ целиот континент и Туси вели дека таа треба да ги охрабри Африканците да раскажуваат свои приказни.
„Ова е важен момент, затоа што сме уморни од приказните во кои се зборува за маки и страдања“, изјави Туси.
Во серијата се зборува на неколку африкански јазици, а приказната се фокусира на обидите на Квин Соно да ја открие вистината за убиството на нејзината мајка, хероина на борбата против апартхејдот. Слично на Џејмс Бонд, и Квин Соно не секогаш игра според правилата.
Африканската филмска продукција е најпозната по Ноливуд, неколку милијарди долари вредна забавна индустрија од Нигерија.