Специјални мерки беа преземени во зоолошката градина во Мајами за да се заштитат два новородени облачни леопарда од можна зараза со коронавирус.
Двете мачиња, едно женско и едно машко, се родени на 11 февруари, но досега беа во своето скривалиште за да имаат доволно време да се поврзат со мајката. Вработените во зоолошката цело време носат заштитна опрема додека ги држат малите леопарди.
„Тие добро напредуваат, а нивната мајка е многу внимателна и редовно да ги храни. Поради пандемијата на КОВИД-19, вработените кои се грижат за мачињата преземаат дополнителни мерки на претпазливост“, кажаа од зоолошката.
Облачен леопард е загрозен вид, чие природно живеалиште се шумите во јужна Кина, Тајван и Малезија и кога ќе пораснат, тежат и до 23 килограми.