Лондонскиот моден бренд „Волебак“ создаде неуништлива јакна, а како материјал било користено влакно кое е 15 пати поцврсто од метал.
Наречена „Неуништлива јакна“, оваа иновативна облека е дизајнирана за екстремно груби надворешни услови и е речиси невозможно да се искине. Секое влакно во јакната е направено од Dyneema, вид пластика познат како најцврсто влакно досега создадено.
„При нашите тестирања ја изложивме јакната на гребење, кинење и удирање какви што можат да се случат во реалниот живот од камења, дрвја, мраз или пад. Dyneema е толку цврст материјал што е речиси невозможо да се искине. Се разбира, јакната нема да ве спаси од куршуми или од вулканска лава. Ние ја дизајниравме за надворешни авантури, не за воени зони или пламенофрлачи“, изјави Стив Тидбол, коосновач на „Волебак“.