РЕКОРДНИ 150.000 ФЛАМИНГА ГО ОБОИЈА МУМБАЈ ВО РОЗЕВО ДОДЕКА Е ВО КАРАНТИН

Мумбај, (Си-Ен-Ен)

Од 1980-ите, голем број розеви фламинга мигрираат во Мумбај меѓу октомври и мај за да се хранат. Оваа година, нивната популација е значително поголема.

(Фото: Гети)

Природонаучното друштво на Мумбај (БНХС) проценува дека рекордни 150.000 фламинга пристигнале во областа оваа сезона, што е пораст од 25% во споредба со лани. Научниците немаат точно објаснување за оваа појава, па шпекулираат дека намалувањето на човечките активности создало далеку поповолни услови за нивно хранење, имајќи предвид дека градот е во карантин од 25 март.

(Фото: Гети)

„Во оваа област вообичаено има градежни и риболовни активности и големо движење на луѓе, па карантинот им овозможил мир и тишина на птиците и воопшто попријатно живеалиште. Исто така, тие сега можат да се видат во мочуришта каде што досега беа реткост“, вели директорот на БНХС, Дипак Апте.

(Фото: Гети)