По повеќе од два месеца, Ватикан ги отвори вратите на базиликата Свети Петар, додека Италија денеска почна нова фаза од олеснувањето на рестриктивните мерки.
Мал број посетители можат да се видат денеска пред влезот во базиликата, при што им се мери телесната температура. Црквата беше целосно дезинфицирана во петокот, а согласно препораките на италијанските власти, верските служби ќе бидат ограничени на 200 луѓе.
Базиликата Свети Петар беше затворена на 10 март и отстапка не беше направена ниту за Велигден.
Во исто време, и Атина по речиси два месеца го отвори своето најпознато обележје, Акропол. Посетителите се советуваат да носат маска и да држат растојание од 1,5 метри. Акропол лани имал 2,9 милиони посетители, што е пораст од 14,2% во споредба со 2018.