Словенија стана прва земја во регионот која добила ресторани со престижните Мишелин ѕвезди, кои важат за најголемо признание за квалитет во угостителството.
„Хиша Франко“, ресторанот на угледната словенечка готвачка Ана Рош, доби две ѕвезди (од можни три), а пет други добија по една и тие се наоѓаат во Марибор, Љубљана, Випава, Радовљица и Нова Горица.
„Ова е посебен ден за Словенија и за словенечката гастрономија“, изјави министерот за економија Здравко Почивалшек по објавувањето на резултатите по пат на видеоврска.
„Мишелин“ го објавува својот водич за ресторани од 1955 година и ова е првпат во него да се најде и Словенија.