Актерката Џејда Пинкет Смит јавно му призна на сопругот Вил Смит дека навистина била во врска со раперот Огаст Алсина. Зборувајќи со Смит во своето Фејсбук шоу „Ред тејбл ток“, таа кажа дека тоа се случило додека двајцата биле разделени.
„Нашиот брак беше готов. Од тој момент, како што времето поминуваше, влегов во поинаков тип на врска со Огаст. Многу страдав и бев скршена“, изјави Пинкет Смит.
Вил и Џејда се венчаа во 1997 година и имаат две деца и велат дека сега повторно се заедно откако биле разделени.
Двојката кажа дека сакала да го направи овој разговор во шоуто за да ги расчисти шпекулациите кои се појавија по неодамнешното интервју на раперот Огаст Алсина. Тој тогаш кажа дека бил во врска со Пинкет Смит, за што Вил дал благослов.
„Единствената личност која можеше да даде одобрување за такво нешто сум јас“, кажа Пинкет Смит, додавајќи дека со години не зборувала со Алсина.