Централниот дел на Сиднеј сега стопроцентно се напојува со електрична енергија што се добива од обновливи извори, односно од соларните и ветерните фарми во Нов Јужен Велс.

Градското подрачје на Сиднеј, кое ги опфаќа центарот и повеќе од 30 приградски населби, потпиша десетгодишен договор со добавувачот „Флоу пауер“ вреден 42 милиони долари, со кој планира да ги редуцира штетните емисии за 70% до 2024 година.

Сиднеј го вклучи целиот градски имот во проектот, па со чиста електрична енергија ќе се снабдуваат уличното осветлување, пет базени, 75 паркови, спортски терени, 115 згради и историското Градско собрание. Целта на иницијативата е емисиите на јаглерод диоксид да се намалат за 20.000 тони годишно.

„Се наоѓаме среде климатска вонредна состојба. Градовите се одговорни за 70% од емисиите на стакленичките гасови во светот и затоа е важно да преземеме ефективни климатски акции“, изјави градоначалникот на Сиднеј, Клавер Мур.