ХЕЛЕН МИРЕН И НА 75 ГОДИНИ ОСТАНУВА КРАЛИЦА НА ГЛУМАТА

Лондон, (Дојче веле)

Слушај, сакам да ме викаат шефе, а не госпоѓо. Не сум јас кралица“, вели Хелен Мирен во улогата на главната инспекторка Џејн Тенисон во популарната британска криминалистичка серија „Првоосомничен“.

Мирен како Елизабета Втора во „Кралица“

Па, сепак, Хелен Мирен, која денеска полни 75 години, може да игра монарси од кој било период од историјата и го правеше тоа во изминатите пет децении: од раната театарска улога на Клеопатра, преку Елизабета Втора, што ѝ донесе Оскар во 2007 година до Катерина Велика од ланската истоимена серија на Ејч-Би-О. Таа е единствената актерка која на филм ги играла двете кралици Елизабети.

Мирен како Катерина Велика

И семејството на Мирен има благороднички корени: нејзиниот татко Пјотр Василиевич Миронов бил руски аристократ кој ги загубил статусот и богатството по Болшевичката револуција.

Мирен, која е родена во Лондон како Лидија Мироноф, прво почнала да глуми во училишни претстави, пред во 1960-ите да му се придружи на Кралскиот Шекспиров театар.

Својот единствен оскар го освои во 2007 година за „Кралица“

Мирен отсекогаш важела за авантуристка подготвена за кој било предизвик, докажувајќи се во екстремно широк распон на улоги и таа денес останува една од најбараните холивудски ветеранки.