ПАНДИТЕ БЛИЗНАЦИ ОД ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО БЕРЛИН ГО ПРОСЛАВИЈА ПРВИОТ РОДЕНДЕН

Берлин, (АП)

Популарните панди близнаци од зоолошката градина во Берлин го прославија првиот роденден со специјална замрзната торта украсена со парче снег од домот на пингвините.

Пит и Пол, чии кинески имиња се Менг Шјијанг и Менг Јуан, се првите панди родени во Германија и тие веднаш станаа атракција на зоолошката откако излегоа во јавност во јануари. Нивните родители му се позајмени на Берлин од Кина, каде што, според договорот, Пит и Пол ќе бидат префрлени во наредните четири години.

Пит и Пол се првите панди родени во Германија (Фото: АП)

Мечињата тежеа помалку од 200 грама кога се родија, а сега имаат по 28 килограми. Пандите се познати по тоа што тешко се размножуваат, па раѓањето на двојка важи за многу редок случај.

Замрзнатата торта во облик на бројот еден беше направена од сок од цвекло, јаболка, благи компири и од бамбус.