Министерството за здравство ја регистрираше најмалата бројка нови случаи на коронавирус во изминатите четири месеци, откако во тој период таа главно беше трицифрена.

  • Во изминатите 24 часа се потврдени само 11 нови случаи на зараза, што е најмал дневен пораст од 21 април, при што биле направени 450 тестирања.
  • Три нови случаи има во Скопје и по еден во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.
  • Од почетокот на епидемијата, во земјата има 14.341 заразено лице.
  • Ковид-19 однесе уште три животи во Македонија, па вкупната бројка починати порасна на 603.
  • Расте бројот на оздравени лица, 11.157, од кои 95 се нови.
  • Во Македонија моментално има 2.581 активен случај на коронавирус.