САША БАРОН КОЕН ТАЈНО ГО СНИМИЛ „БОРАТ 2“

Лос Анџелес, (Индивајр)

Саша Барон Коен тајно го снимил продолжението на хит филмот „Борат“ и го прикажал пред неколкумина угледни личности од филмската индустрија пред неговото можно објавување во текот на оваа година, објави сајтот „Колајдер“.

Малку е познато за содржината на филмот, кој го финансира и дали во него е вклучен режисерот на првиот дел Лери Чарлс. „Колајдер“ најавува дека „Борат 2“ би можел да биде објавен пред претседателските избори во САД во ноември.

„Борат“ беше еден од најуспешните филмови во 2006 година, заработувајќи над 260 милиони долари на светско ниво. Освои златен глобус за најдобра комедија, а Коен беше номиниран за оскар за најдобро адаптирано сценарио.