САША БАРОН КОЕН ЌЕ ГЛУМИ ВО ПРВАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА КВЕНТИН ТАРАНТИНО

Лондон, (Би-Би-Си)

Саша Барон Коен ќе глуми во новата претстава на лондонскиот Вест Енд, чиј режисер е Квентин Тарантино.

„The Popinjay Cavalier“, сместена во Европа во 1830-тите, беше најавена на почетокот на оваа година и е првата драма напишана за сцена од американскиот филмаџија.

„Повеќе од задоволство е да се работи со Тарантино. Кога се јавува најдобриот режисер во светот, не поставувате прашања“, изјави Коен.

Премиерата на претставата е закажана за март следната година, а целосната актерска постава дополнително ќе биде објавена.

Додека се чека на неговиот 10. и наводно последен филм, Тарантино објави дека пишува театарска драма.

„Се подготвувам да биде успех. Ако пропадне, ќе завршам со тоа многу брзо“, рече Тарантино минатата година.

(Фото: АП)