Списанието „Пипл“ го прогласи американскиот актер Мајкл Б. Џордан за најсекси маж на годината. Тој е трет Афроамериканец по ред кој го добива ова популарно признание, по Џон Леџенд и Идрис Елба.
Триесет и тригодишниот Џордан, кој вели дека нема девојка, изјави дека се радува за титулата, оти е во добро друштво.
„Женскиот дел од моето семејство ќе биде многу горд. Убаво е да се биде дел од овој клуб“, рече Џордан.
Тој ја почнал кариерата уште како дете во ТВ-серијата „Сите мои деца“, во 2015 ја играше насловната улога во продолжението на „Роки“, „Крид“, а три години подоцна беше негативец наспроти Чедвик Боузман во „Блек Пантер“.