СЕМЕЈСТВОТО НА КРИС КОРНЕЛ ПОСМРТНО ГО ОБЈАВИ НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН СОЛО АЛБУМ

Сиетл, (Би-Би-Си)

Семејството на покојниот фронтмен на „Саундгарден“ Крис Корнел изненадувачки го објави неговиот последен албум, снимен една година пред да почине во 2017. Албумот насловен „No One Sings Like You Anymore“ содржи обработки на песни од Принс, Џон Ленон, „Ганс ен роузис“ и Хари Нилсон.

„Изборот дава личен увид во неговите омилени музичари и песните кои го имаат допрено“, изјави вдовицата на Корнел, Вики.

Корнел (52) беше пронајден обесен во хотелска соба во Детроит. Покрај работата со „Саундгарден“ и супергрупата „Аудиослејв“, тој сними и четири соло албуми. Корнел ги свири сите инструменти на новиот албум.

„Овој албум е многу посебен зашто е уметничко дело што самиот го создал од почеток до крај. Тој едвај чекаше да го објави“, кажа Вики Корнел.