БРИТАНЦИТЕ НАПРАВИЈА КАШКАВАЛ СО АРОМА НА ЏИН И ЛИМОН

Лондон, (Инстајл)

На пазарот на кашкавали постојат видови какви што не можете ни да замислите, но секогаш има простор за нешто ново.

Во пресрет на празниците, познатата британска компанија „Чешир“ повторно експериментираше, па го направи првиот кашкавал на светот со арома на џин и лимон.

Производот е опишан како „мајсторски баланс на џин и лимон со наградуваниот кремаст кашкавал ‘Чешир‘, а резултатот е тотално уникатен и неверојатно вкусен кашкавал“.

Во натамошниот опис на кашкавалот стои дека е „благо кисел и се топи во вашата уста“.

Двесте грама од овој кашкавал чинат 4,75 фунти, а за неговиот квалитет гарантира освоеното трето место на Меѓународните награди за кашкавали за 2017 година, и тоа во конкуренција на 5.000 производи.