Тим на научници објави дека ги открил првите џуџести жирафи во Африка, кои имаат двојно помал раст од вообичаените.
Два машки примерока наречени Гимли и Најџел се пронајдени на две одделни локации во Намибија и Уганда и Фондацијата за заштита на жирафи објави дека ова се први потврдени случаи на џуџести жирафи. Двете животни имаат пократки нозе од другите жирафи на слична возраст.
„Нашата прва реакција беше неверување. Веројатно станува збор за некое отстапување во развојот, што резултираше со разлики во растот на коските и ‘рскавиците“, изјави Мајкл Браун од Фондацијата за заштита на жирафи.
Тој додаде дека двете жирафи ја преживеале критичната фаза кога се ранливи на предатори.