НИКОЛАС КЕЈЏ СЕ ОЖЕНИ ПЕТТИ ПАТ, НОВАТА СОПРУГА Е 31 ГОДИНA ПОМЛАДА ОД НЕГО

Лас Вегас, (Пипл)

Николас Кејџ реши да стапи во брак и петти пат. Педесет и седумгодишниот оскаровец се ожени со девојка му Рико Шибата во хотел во Лас Вегас и неговиот претставник кажа дека венчавката била многу мала и интимна церемонија.

„Вистина е и многу сме среќни“, потврди Кејџ за магазинот „Пипл“.

Церемонијата се одржала на 16 февруари, во чест на роденденот на покојниот татко на Кејџ. Тој и 31 годинa помладата Шибата се запознале пред повеќе од две години во Јапонија.

Кејџ претходно беше во брак со актерката Патриша Аркет (1995-2001), Лиса Мари Присли (2002-2004) и Алис Ким (2004-2016), со која го доби сега 15-годишниот син Кал-Ел, додека од Ерика Коике се разведе по само два месеца во 2019.