СЕ ВЕНЧАА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО И ЏОРЏИНА РОДРИГЕС

Лисабон, (Би-Би-Си)

Кристијано Роналдо се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригес на граѓанска церемонија во Португалија. Тој објави слика на својот Инстаграм профил на која се гледаат две раце со венчални прстени.

(Фото: Инстаграм)

Нарекувајќи ја свадба на годината, португалските медиуми објавија дека двојката се венчала на 11 август во крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон и дека присуствувале и нивните деца.

Роналдо и Џорџина се свршија во август 2025 по девет години врска. Се запознале во бутик на „Гучи“ во Мадрид, каде што таа работела во времето кога тој настапуваше за Реал Мадрид. Роналдо е татко на пет деца, од кои две ги доби со Џорџина, која му помага во одгледувањето на останатите деца.

(Фото: Инстаграм)