Кенет Брана ќе го режира новиот биографски филм за групата „Би Џис“, што ќе го снима студиото „Парамаунт“.
Филмот ќе ги следи животот и кариерата на членовите на еден од најуспешните поп бендови на сите времиња, почнувајќи од доаѓањето на браќата Бери, Морис и Робин Гиб од Австралија во Лондон во 1960-ите.
Тие ја основале „Би Џис“ во далечната 1958 година и светска слава стекнаа најмногу благодарение на песните од саундтракот за „Треска на саботната вечер“ од 1977. Групата продаде над 220 милиони албуми низ цел свет и се растури во 2003 по смртта на Морис Гиб, а девет години подоцна почина и Робин. Бери Гиб ќе учествува во правењето на филмот како извршен продуцент.