АНТОАН ГРИЗМАН ГО ДОБИ ТРЕТОТО ДЕТЕ, СИТЕ СЕ РОДЕНИ НА ИСТ ДЕН

Барселона, (Дејли мејл)

Францускиот фудбалски репрезентативец Антоан Гризман сега има три деца, за кои секоја година може да прави една роденденска забава.

Триесетгодишниот напаѓач на Барселона вчера го доби третото дете во бракот со Шпанката Ерика Чоперена, и тоа на ист ден кога му се родија и претходните две.

„Алба Гризман, 8 април 2021“, кратко напиша тој на Твитер.

Гризман и Ерика станаа родители на Мија на 8 април 2016, една година пред да се венчаат. Нивното семејство беше проширено со синот Амаро во 2019 година, исто така на овој датум.

Иако дента беше во породилна сала, Чоперена најде време да им го честита роденденот на останатите две деца.

„Денеска се две и пет години откако пристигнавте. Не можеме да бидеме погорди на вас“, напиша таа на Инстаграм.