Напаѓачот на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, ќе дебитира на големото платно во новиот филм за Астерикс. Триесет и деветгодишниот Ибрахимовиќ објави на Инстаграм дека името на неговиот лик ќе биде Антивирус.

Тој ќе глуми римјанин по име Кајус Антивирус во „Астерикс и Обеликс: Средна империја“, петтиот дел од оваа филмска франшиза. Оскаровката Марион Котијар ќе се појави како Клеопатра.

Снимањето требаше да почне уште минатата година, но беше одложено поради пандемијата. Со буџет од околу 60 милиони евра, тоа ќе биде еден од најскапите француски филмови досега.

Ибрахимовиќ остави голема трага во Франција, играјќи четири години за Пари Сен-Жермен.