„ЛАЈБАХ“ СО НОВ МАТЕРИЈАЛ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА 27 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарната и секогаш контроверзна словенечка група „Лајбах“ ќе одржи нов концерт во Скопје во март наредната година, во рамките на 20. издание на фестивалот „Таксират“.

Четири години по концертот на Скопски саем, „Лајбах“ за првпат ќе настапи во Младински културен центар, при што на 27 март ќе го претстави својот нов студиски албум „Така зборуваше Заратустра“.

Издаден оваа година како музичка подлога за истоимената театарска претстава во Ново Место, „Лајбах“ собра само позитивни критики и рецензии од светските медиуми за својот 16. студиски албум.

Концертот е дел од европската турнеја, на којашто бендот свири песни од новиот албум, но и модерни верзии на дел од класиците, што со години не биле изведувани во живо.

Првите 300 карти се продаваат за 500 денари, а бројот ќе биде ограничен на само 900 билети, чија цена потоа ќе порасне на 600, па на 700 денари.