Компанијата „Гугл“ воведе нова опција за алатката Гугл асистент да има и машки глас. Таа додаде „Глас 2“ во менито на поставките, преку кој што Гугл асистент добива машки глас кај сите уреди, како апликации на Ајфон, Пиксел телефони или звучници Гугл Хоум.
Честопати луѓето знаат да ги користат заменките „таа“ или „нејзе“ кога се однесува за дигитални асистенти, иако самите електронски производи за кои што зборуваат немаат род. Сепак, овој факт не е и толку воодушевувачки, земајќи предвид дека досегашните „асистенти“ како Сири на Епл, Кортана на Мајкрософт и Алекса на Амазон, сите се со стандарден женски глас.