ЏОНИ ЛИ МИЛЕР ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕРОТ ЏОН МЕЈЏОР ВО НОВАТА СЕЗОНА НА „КРУНА“

Њујорк, (Вараети)

Ѕвездата на „Трејнспотинг“ и серијата „Елементарно“, Џони Ли Милер, ќе го глуми бившиот британски премиер Џон Мејџор во петтата сезона на „Круна“, објави „Нетфликс“ на Твитер.

Мејџор беше премиер и лидер на Конзервативната партија од 1990 до 1997, што се совпаѓа со последните години од животот на принцезата Дијана.

Петтата сезона ќе почне да се снима во јули, со комплетно нова актерска екипа во улогите на членовите на британското кралско семејство: Елизабет Дебицки е принцезата Дијана, Доминик Вест е принцот Чарлс, Имелда Стонтон е кралицата, Џонатан Прајс е принцот Филип, а Лесли Менвил е принцезата Маргарет.