МОН БЛАН СЕ СМАЛИЛ ЗА ЕДЕН МЕТАР ОД ПОСЛЕДНОТО МЕРЕЊЕ

Париз, (АФП)

Француските експерти објавија дека највисоката планина во западна Европа, Мон Блан, сега е пониска за еден метар од нејзината досегашна официјална височина. Експедицијата во средина на септември утврдила дека моќната планина во срцето на француските Алпи е висока 4,807,81 метар, додека во 2017 биле измерени 4.808,72 метри.

„Сега треба климатолозите, глациолозите и други научници да ги анализираат собраните податоци и да излезат со теории за овој феномен“, изјавија географите кои учествуваа во експедицијата.

Додека низ светот се алармира за топењето на глечерите, Мон Блан се смалува веќе цела деценија. Најголемата височина од 4.810,90 метри била измерена во 2007 година.

„Планината губи 13 сантиметри од својата височина годишно од 2001“, велат експертите.

Мерењата се вршат на секои две години и височината варира согласно постојаниот снежен слој на врвот. Според експертите, карпестиот дел на врвот кулминира на 4.792 метри.