Минисеријата која ќе биде продолжение на „Сексот и градот“ ќе има премиера во декември, потврди Ејч-Би-О. Таа е насловена „And Just Like That“ и ќе се емитува на стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“.
„Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004. Освои повеќе награди, меѓу кои и седум Еми, а се снимија и два филма, во 2008 и 2010 година.
Во новиот проект од 10 епизоди се обединија Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, но не и Ким Катрал.