Ндакаси, планинска горила која стана интернет сензација позирајќи за селфито на нејзиниот старател, угина на возраст од 14 години. Од националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго кажаа дека Ндакаси била болна подолго време.
„Ндакаси беше згрижена во паркот повеќе од една деценија. Таа угина во рацете на својот старател и долгогодишен пријател Андре Баума“, соопштија властите на паркот.
Центарот Сенкекве, кој се наоѓа во рамките на паркот, е единствената установа на светот која се грижи за планинските горили сираци.
Баума се грижел за Ндакаси уште откако ренџери ја пронашле како виси на телото на нејзината мртва мајка во 2007. Тогаш имала само два месеца. Преранлива за да биде вратена во дивина, Ндакаси остана да живее со останатите горили сираци во паркот.
Ндакаси се појави во неколку ТВ-серии и документарни филмови, но светска слава ѝ донесе селфито на Баума од 2019 година.
„Горд сум што можам да ја наречам Ндакаси моја пријателка. Ја сакав како мое дете и многу ќе ни недостига на сите во паркот“, изјави Баума.