НАЈСТАРАТА ГОРИЛА НА СВЕТОТ ГО ПРОСЛАВИ 65. РОДЕНДЕН ВО БЕРЛИН

Берлин, (Си-Ен-Ен)
Gorilla's 65th birthday CR: Zoo Berlin via Storyful

Фату, западна горила за која се верува дека е најстара на светот, го прослави 65. роденден во зоолошката градина во Берлин.

„Нашата горила го прослави 65. роденден, со што е најстарата горила на светот. Торта не можеше да изостане, а и роденденскиот оброк е секогаш нешто посебно за Фату“, кажаа од зоолошката.

Фату пристигнала во Берлин во 1959 година во многу необични околности. Еден морнар ја искористил младата горила за да ја плати својата сметка во ресторан во Марсеј, по што таа била превезувана низ Европа, пред да ја преземе зоолошката градина во Берлин. Се верува дека тогаш имала две години.

Во 2019, Гинисова книга на рекорди ја прогласи Фату за најстарата горила во заробеништво, откако почина Труди, која била родена во 1956. Фату е едно од ретките животни во зоолошката градина во Берлин кои се родени во дивина, каде што просечниот животен век на горилите е околу 40 години.