ТАРАНТИНО ГО ЧЕКА ВТОРОТО ДЕТЕ СО 20 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА СОПРУГА

Тел Авив, (Пипл)

Двократниот оскаровец Квентин Тарантино го чека второто дете со 20 години помладата сопруга Даниела Пик. Израелската пејачка треба да се породи во претстојните месеци, а полот на бебето не е познат.

Нивното прво дете Лео се роди во Израел во февруари 2020.

Тарантино и Пик се запознале во 2009, кога тој бил во Израел за да го промовира својот филм „Неславни копилиња“, но врската ја почнале дури седум години подоцна. Во 2017 објавија дека се свршиле, а се венчаа во ноември 2018 на еврејска церемонија во Беверли Хилс. Во изминатите две години живеат во Тел Авив.

„Идејата беше да поминуваме три-четири месеци во Израел, па три-четири месеци во Лос Анџелес, кога се случи ковид-19. Така три-четири месеци станаа 9-12“, кажа 58-годишниот Тарантино во едно интервју.