УНЕСКО го крена гласот против уништувањето на украинското културно наследство, додека руските сили продолжуваат со безмилосното бомбардирање на градовите.
Украина е дом на седум локалитети кои се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО, вклучувајќи ја прославената црква „Света Софија“, која е едно од обележјата на Киев. Други локалитети се лоцирани во Лавов и Одеса, а меѓу нив се и буковите шуми во Карпатите и Геодетскиот лак на Струфе.
„Мора да го заштитиме ова културно наследство, кое е сведоштво за минатото, но и вектор на мирот во иднината“, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.
Таа вели дека работат со украинските власти за да се означат историски споменици и места низ земјата со меѓународно признат знак за заштита.
ЦРКВА „СВЕТА СОФИЈА“ И КИЕВСКО-ПЕЧЕРСКА ЛАВРА (КИЕВ)
ДРВЕНИТЕ ЦРКВИ ВО КАРПАТСКИОТ РЕГИОН
СТАР ГРАД НА ЛАВОВ
РЕЗИДЕНЦИЈА НА МИТРОПОЛИТИТЕ НА БУКОВИНА И ДАЛМАЦИЈА (ЧЕРНИВЦИ)
ДРЕВНИОТ ГРАД ХЕРСОНЕС (СЕВАСТОПОЛ)