ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ГО СЛАВИ 96. РОДЕНДЕН

Лондон, (Би-Би-Си)

Кралицата Елизабета Втора денеска ќе го прослави 96. роденден во својата резиденција во Сандрингам. Британскиот монарх со најдолг стаж отпатува со хеликоптер до својот имот во Норфолк, каде што ќе ѝ се придружат семејството и пријатели.

Се очекува таа да престојува во колиба на имотот што му беше омилена на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Бакингамската палата објави роденденска фотографија од кралицата со два понија, која го покажува нејзиниот долгогодишен интерес за коњите. Фотографијата е снимена во замокот Виндзор, каде што кралицата најчесто престојува од почетокот на пандемијата.

„На таа возраст веројатно веќе ви е здосадено од славење родендени“, се пошегува принцот Хари пред неколку дена.

Кралицата, која оваа година одбележува седум децении од доаѓањето на британскиот престол, има проблеми со движењето во изминатите месеци, па ќе пропушти бројни настани во наредниот период, меѓу кои и неделната велигденска миса.

Според Националниот завод за статистика, во Велика Британија има околу 124.000 луѓе на возраст меѓу 95 и 99 години.