Британската актерка Хелен Мирен го краси годишното издание „The Beautiful“ на магазинот „Пипл“ и призна дека била вџашена кога дознала дека на неа ѝ била укажана ваква чест.
„Никогаш не сум се сметала за убава, особено на оваа возраст“, кажа 76-годишната Мирен.
Таа вели дека од нејзина перспектива, зборот убавина треба да се замени со ароганција.
„Ми се допаѓа тој збор, зашто ароганција значи дека сум самоуверена, се покажувам пред светот, уживам во светот околу мене“, вели Мирен, која е заштитно лице на „Л‘Ореал“ од 2014.
Иако во изминатите 55 години оствари повеќе од 140 улоги и има освоено Оскар за најдобра актерка, Мирен признава дека и натаму е нервозна пред почетокот на нов проект. Потоа не ги чита критиките, без разлика дали се добри или лоши.