„ДЕДПУЛ 2“ ИЗЛЕГУВА ВО МАЈ, ДВЕ НЕДЕЛИ ПОРАНО ОД ПЛАНИРАНОТО

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Долго очекуваното продолжение на „Дедпул“ ќе излезе две недели порано од планираното.

Иако сѐ уште официјално нема име, вториот дел од приказната за необичниот и по малку комичен суперхерој ќе има премиера на 18 мај, место на 1 јуни, како што во прв момент беше најавено.

„Фокс“ реши да ризикува со објавувањето на „Дедпул 2“ во овој термин, имајќи предвид дека само една недела подоцна, во кината ќе се појави и новиот очекуван хит на „Дизни“, „Хан Соло: приказна за војна на ѕвездите“.

Сепак, оригиналниот „Дедпул“ се покажа како огромен успех кога се појави во 2016 година, па очекувањата и сега се големи.

Рајан Рејнолдс ќе ја репризира улогата на Вејд Вилсон/Дедпул, а Морена Бакарин е повторно во улогата на неговата сопруга Ванеса Карлајл.