ТРИ ВАСИЛИЧАРСКИ КОНЦЕРТИ СО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОП И РОК ХИТОВИ ВО МОБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска, утре и задутре, во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи традиционалниот Василичарски концерт.

МОБ го востанови овој концерт во 1993 година и со тек на годините, стана еден од најпопулрните и најпосетени концерти во Макеоднија.

Годинава, темата на концертот е „Едноставно најдобрите“, па тој ќе биде избор на најголемите поп и рок хитови од 80-те и 90-те години од минатиот век.

Хитовите ќе ги пејат пејачите Александар Тарабунов, Елена Петреска, Ана Мицковска, Александра Јанева, Горан Наумовски, Ѓоко Танески, Арбен Бени Шаќири, Дани Димитровска, Наташа Малинкова, Лена Заткоска, Даниел Дан и гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

Пејачите ќе ги придружуваат Хорот и Оркестарот на МОБ, под диригентство на Бисера Чадловска.